ДУИ победиле и во Демир Хисар каде нема Албанци
Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите. Во текот на утрово и ТВ21 направи проверка, и забележа некои чудни резултати.
Според нив ДУИ победиле во Демир Хисар, во општина каде што албанско население речиси и да нема.
Според сајтот на ДИК, ДУИ, и тоа убедливо победил и во струмичко Ново Село. Сосема нејасно затоа што тоа е место каде што нема жители од албанска националност.
Исто така од она што го забележавме, кога ќе се отвори страница од мобилен телефон дава едни, а од компјутер сосема други резултати.
Затоа што се случува со овие резултати, одговор треба да дадат од Државната изборна комисија.
Да потсетиме дека нивната страница вчера била цел на хакерски напади, кои биле пријавени во МВР утрово, и се очекува екипа од Министерството за внатрешни работи да го испита случајот, пишува ТВ21.
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите