Македонија
1. March 2020 - 11:54

ДУИ не ја исклучува можноста за постизборна коалиција со СДСМ и БЕСА

ДУИ не се  плаши дека предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА ќе го намали нивниот број на пратеници, бидејќи велат дека се убедени во апсолутна победа на изборите.
 
Портпаролот на партијата, Бујар Османи на денешната прес конференција сепак не ја исклучи можноста од постизборна коалиција со овие две партии. Османи потенцираше дека ДУИ во овој момент е сконцентрирана на кампањата и освојувањето на гласовите, додека политички калкулации ќе се прават по објавувањето на резултатите.
 
Деспина Тодоровска

Ново на Сител