Македонија
16. May 2019 - 16:26

ДУИ не гледа „слаби играчи“ во своите редови

Нема простор за незадоволство од работата на министрите на ДУИ. Во пресрет на најавената метла на Прмеиерот Заев, интегративците велат дека она што тие им го ветиле на граѓаните, владата успеала да го реализира

Груби потврди дека Заев и Ахмети се сретнале вчера во Тетово но што се разговарало на оваа средба нема детали.  Владиниот портпарол денеска потврди дека се очекува нова средба но кога таа ќе се случи се уште нема информации

Министрите во кабинетот на Заев велат дека вложиле максимум, но дека одлуката на крајот ја носи премиерот.

Заев метлата во својот кабинет ја најави во кампањата меѓу двата изборни круга. До овој момент ниту еден министер не остана без својата фотелја.