Македонија
19. March 2023 - 16:48

ДУИ најавува голем митинг со присуство на Ахмети во Чаир - ВМРО-ДПМНЕ обелодени нов скандал за Артан Груби

По кампањата тој доаѓа, ДУИ за утре најави митинг во Чаир. Како што и се очекуваше, Ахмети доаѓа во Чаир во време кога Огнената група сериозно го тресе легитимитетот на раководството во Мала Речица. 

Во општината каде што царува Меџити, Интегративците имаат за цел да покажат дека членството на ДУИ стои зад нив, а не зад огнената група. На терен со граѓаните веќе подолг период е и Меџити кој вчера од Врапчиште му порача на Груби дека ДУИ ќе им биде вратена на граѓаните.

Груби пак на социјалните мрежи напиша дека во Чаир доаѓа националниот лидер на Албанците и дека сите се на нозе и чекаат да ги слушнат неговите зборови.

„Ви ветувам невиден спектакл, митинг каков што до сега не сте виделе. Не пропуштајте и не дозволувајте други да ви раскажуваат како поминале на историскиот митинг на кој ќе се изгради иднината“ – напиша Груби на социјалните мрежи.

И додека Груби ги гаси пожарите внатре во партијата, по скандалот со скапиот дуќан на улица Македонија, опозицијата денеска му отвора нов, во кој повторно е вмешан и неговиот брат.

Груби се уште е без одговор за најновите обвинувања. Опозицијата го обвини и за корупција за надозорот на коридорите, процес за кој опозицискиот лидер Мицкоски вчера рече дека лично ќе се заложи да биде детално истражен и одговорните да бидат казнети.