ДУИ на утрешниот Централен совет ќе одлучи за новите партиски функционери
По речиси шест часа завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре на состанок на Централниот совет на ДУИ.
Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна. На средбата во текот на денот пристигнаа и претставници на т.н. „Огнена група“, која бараше реформи во партијата.
![]()
–Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија. Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови победи, изјави Бујар Османи.
Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.
Реорганизацијата во партијата почна откако на 24 септември т.н. „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
