Македонија
15. October 2022 - 20:03

ДУИ избра нови членови на претседателството

Груби ги задржа владините функции, но ја загуби партиската. Од денеска неговата функција орагнизациски секретар на ДУИ ја презвема градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети дел од огнената група. Изет Меџити останува партиски потпреседател, а Муса Џафери ќе го предводи Надзорниот совет.

Вака заврши едночасовниот состанок на Централниот совет, од кој единствено незадоволен излезе спикерот Џафери откако членовите не го прифатија неговиот предлог гостиварскиот огранок да добие претседателско место во партијата.

Дали овие кадровски смени ќе бидат доволни да се смири огнената група.

Од партискиот состанок на ДУИ не произлегоа промени во владиниот кабинет, сепак собраниската седница во понеделник ќе биде тест за стабилноста на мнозинството. Премиерот Ковачевски уверува дека поддршката за владата не е доведена во прашање, а место во мнозинството има за сите партии кои го поддржуваат концептот за европска Македонија

Партискиот состанок да ДУИ беше поттикнат од незадоволството на 20-тина членови кои побараа реформи и смена на вицепремиерот Груби. Наместо тоа, Меџити, Џафери и Веџети денеска добија партиски функции.