ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран

Албанските партии во Македонија со поддршка на САД за нападите кон Иран за уништување на нуклеарните закани.
Од Демократската Унија за интеграција преку соопштение се изјаснија:
- Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност, соопштија од ДУИ.
Со слична поддршка на САД и од коалицијата ВРЕДИ:
- Нашата држава, ВЛЕН ги поддржува напорите на стратешките партнери за заштита на регионалната и глобалната безбедност.
Како сериозен политички субјект дел од владата, сме против ширење и употреба на нуклеарното оружје и нуклеарните закани и во таа насока даваат поддршка на силната и одлучна активност и дипломатија на нашите партнери во насока на постигнување на целта
Северна Македонија е посветен партнер на САД, НАТО и ЕУ. Нам ни треба свет во кој безбедноста и дијалогот се вредности што никој не смее да ги руши, велат од ВРЕДИ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Емил Георгиев, пилот на владиниот лирџет
-

Стојанче два пати ја тепал Ивана на денот на самоубиството, ОЈО Скопје објави детали
-

Техеран им се извини на соседите
-

Наместо сеопфатен интегриран систем за поддршка од семејно насилство, жртвите добиваат бирократија
-

Адвокатот на „ОМО Илинден“ Менкиновски, доби црн печат за влез во Бугарија
-

Ќе се градат две катни гаражи на Клинички, цените за паркирање ќе останат исти
-

Мицкоски уверува: Ќе интервенираме ако има драстичен скок на цената на нафтата
-

Почна изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ вреден 42 милиони евра
