Македонија
10. November 2016 - 15:22

ДУИ ги утврди листите на кандидати за пратеници

Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска го усвои предлогот на Централното претседателството за листата на кандидати за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Лидерот на партијата Али Ахмети ќе биде носител на кандидатската листа во шестата Изборна единица (ИЕ). Во првата ИЕ носител е Артан Груби, а во втората Ејуп Халими. Во третата ИЕ носител е Нафи Дурмиши, во четвртата Артин Спахиу, во петтата Агим Шаќири, а во седмата Џевдет Спахиу.

Како што соопштуваат од ДУИ, Ахмети ја поздравил одлуката на советот и изразил уверување дека кандидатите ќе дадат придонес за време на кампањата и како членови на следниот состав на Парламентот.