ДУИ: Деца Албанци на културен настан во Челопек носеле униформи кои ја симболизираат историјата на албанскиот народ
Денес, Министерот за образование се заканува со санкции за едно училиште во Челопек, бидејќи децата албанци на културен настан носеле униформи кои ја симболизираат историјата и гордоста на албанскиот народ. Ова е продолжение на антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци, каде што секое изразување на албанскиот идентитет и историја се напаѓа и се третира како провокација.
Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави, немаше никаква реакција. Тогаш, Демократската унија за интеграција не дозволи, како што нема да дозволи , ваквите активности да се злоупотребат за создавање меѓуетнички тензии или поделби во општеството. Во тоа време, сметавме дека е важно децата да не бидат вовлечени во политички и етнички конфликти.
Но денес, оваа влада избра да ги напаѓа децата албанци и нивниот идентитет, отворено демонстрирајќи дискриминација. Ако во минатото покажавме толеранција кон слични активности во духот на соживотот, тоа не ѝ дава право на оваа влада денес да ги казнува Албанците за исти или слични постапки.
Бараме Министерот за образование веднаш да се повлече од заканите против училиштето во Челопек и да престане со политизација на културните активности на децата. Секој обид за создавање поделби и дискриминација нема да биде толериран. Албанците не се граѓани од втор ред и нема да дозволат нивниот идентитет и национална гордост да бидат омаловажувани.
Демократската унија за интеграција секогаш ќе застане во одбрана на достоинството и правата на Албанците, докажувајќи дека нашиот идентитет не е провокација, туку заедничко богатство за целото наше општество
ДУИ
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец