ДУИ: Брисел да се вклучи во истрагата за пожарот

ДУИ бара Европската Комисија да испратела тим од експерти кои ќе ја следат истрагата за случајот со пожарот во кочанската дискотека каде меѓу осомничените е и нивниот поранешен министер Крешник Бектеши кој се наоѓа во притвор.
Од ДУИ сметаат дека истрагата се води селективно.
„Ја повикуваме Европската комисија итно да испрати правни експерти и директно да се вклучи со засилен мониторинг на овој случај; по тоа, со својата експертиза и сознанија, ќе ѝ помогне на собраниската комисија која веднаш треба да биде воспоставена под меѓународен надзор. Демократијата, владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права се основните правила и принципи на Европската Унија, и тие мора да бидат заштитени и во Република Северна Македонија.“ – се вели во соопштението на ДУИ.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
