-->
-->
Дуелот на македонските ракометари со Франција го отвора ЕУРО2024
-->
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го одреди распоредот и локациите на кои ќе се игра ЕУРО2024 кое ќе биде отворено со дуелот меѓу македонската ракометна репрезентација и Франција на 10 јануари идната година.
Натпреварот на македонските ракометари против трикратниот европски првак ќе се игра во Меркур – Шпил Арена во Дизелдорф со почеток во 18:00 часот, а подоцна на истиот стадион со капацитет од 54.600 седишта домаќинот Германија од 20:45 часот ќе ја пречека Швајцарија во рамки на воведното коло од групата А.
ЕХФ соопшти дека „воведниот ден на ЕУРО2024 се очекува да привлече на трибините на стадионот во Дизелдорф околу 50.000 гледачи, што ќе биде рекордна посетеност во историјата на светскиот ракомет“.
Преостанатите два натпревари во рамки на групата А избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги одиграат во Берлин, на 14 јануари против Германија и на 16 јануари против Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ја одржува 11-та седница
-
ЦУК: 30 пожари на отворено - 10 активни, 1 под контрола, 20 изгасени
-
Дуално образование и во високо образовните установи?
-
Анализа: Што велат експертите за сликата затекната во затворот Шутка?
-
Богата програма на Пиво фест во Прилеп
-
Тема на денот со Кристофер Гети, учесник на националната конвенција на демократите и градоначалник на Лајонс
-
„Хотел промаја“ е затворот Шутка, СДСМ тврди дека се ослободуваат осудени за „27 април“