Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија
Натпреварот од петтото коло во Лига Европа меѓу Бешикташ и Макаби од Тел Авив, кој требаше да се одигра во Истанбул на 28 ноември, е преместен во унгарскиот град Дебрецин, соопшти вечерва УЕФА.
„Натпреварот ќе се игра зад затворени врати согласно одлуката на локалните унгарски власти, прецизираше УЕФА.
Турските медиуми јавуваат дека прво бил постигнат договор со локалните власти гледачите да можат да присуствуваат на натпреварот, но унгарските власти потоа решиле натпреварот да се игра без публика по немилите сцени во
Амстердам по натпреварот меѓу Ајакс и Макаби.
Дуелот меѓу Бешикташ и Макаби е оценет за натпревар од висок ризик, бидејќи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги зголеми вербалните напади врз израелските лидери од почетокот на војната во Газа.
Големи антиизраелски протести, охрабрени од турската влада, се одржуваат низ целата земја повеќе од една година, а во октомври лани Израел побара од своите граѓани и дипломати да ја напуштат Турција како безбедносна мерка.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико