ДС предлага одлагање на изборите и избор на експертска Влада
Демократскиот сојуз предлага свикување седница на Парламентот и одлагање на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска Влада, не политичка.
- Наместо да чекаме "странците" да нудат договори и ни ги разрешуваат нашите проблеми, предлагаме сите одговорни луѓе да седнат на маса и утврдат Платформа за излез од кризата која го блокира целокупниот систем, евроинтеграциските процеси, создава економска нестабилност и го нарушува нормалното одвивање на животот, рече на денешната прес-конференција Павле Трајанов, претседател на ДС.
Мандаторот, појасни Трајанов, да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитет, без партиски багаж, кој ќе има слобода, да го формира Владиниот кабинет од професионалци, а министрите самостојно да ги формираат своите тимови.
Демократскиот сојуз повикува на политички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите релевантни партии, граѓанскиот сектор, експертите, како и медиумите.
- Нема време за чекање, прв што треба да повлече потег е Ѓорге Иванов, да ја повлече аболицијата за креаторите на кризата и да влијае на смирување на состојбите, оценуваат од ДС.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Србија останува стабилна, нема одлука за избори по оставката на премиерот
-
Изненадувачки голема реколта на тутун годинава во Македонија
-
Тема на денот со Маријана Лончар Велкова, претседателка на организација на потрошувачи
-
Бојкот на маркетите во петок, поради високите цени
-
ЕСМ бара поскапување на парното
-
Касами ќе премиенува 300 улици во Тетово, премиерот дециден - Владата нема да одобри еднострани одлуки на општината
-
Владата одлучи: 250 милони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството
-
Утре ќе стигнат дел од дефицитарните лекови на Онкологија