ДС: Парламентот да создаде услови за да продолжи постапката за Хашките предмети од 2001 година
Наместо Владата да го сокрива барањето од Советот на Европа за расчистување на Хашките предмети "ВОДСТВО НА ОНА", "ЛИПКОВСКО ЕЗЕРО", "ГРОБНИЦА НЕПРОШТЕНО" и "МАВРОВСКИ РАБОТНИЦИ", да предложи Собранието на Македонија да го суспендира автентичното толкување со кое Законот за амнестија (од 2002 година) ги опфати и овие четири Хашки предмети.
Согласно ЖЕНЕВСКИТЕ КОНВЕНЦИИ, воените злосторства над цивилно население не застаруват, затоа Собранието има обврска да создаде правни претпоставки за да се истражат овие тешки кривични дела против цивили и да се утврди одговорноста на сите вклучени во извршувањето на овие злосторства.
Почитувајќи го начелотo на презумпција на невиност, сите мора да се соочат со правдата и да понесат одговoрност.
Судот мора да донесе одлука да ги отстрани од вршење јавни функции сите за кои има основани сомненија дека се актери на овие злосторства.
Целосно го поддржуваме ставот на Советот на Европа: "Без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество".
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје
-
До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието
-
Тајван ги зајакнува безбедносните врски со САД и сојузниците
-
Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија
-
Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители пред Комисијата за политичкиот систем
-
Мицкоски во посета на Брисел
-
Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на комуникациски уреди во Либан