Државните институции подобрени во јавните набавки, но далеку потребното ниво
Транспаретноста, отчетноста и интегритетот во процесот на јавните набавки кај министерствата, владините секретаријати и Собранието во 2017 година е малку подобрена, покажува анализата направена од Центарот за граѓански комуникации.
Во анализата се наведува дека ниту една институција не ги исполнува сите или барем доминантен дел од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во сите фази од процесот на јавни набавки. Ниту една институција не е рангирана во високото ниво на транспарентост, ниту, пак, во најслабото ниво. Најголем дел од институциите се рангирани во „ограниченото“ ниво, со исполнување на критериумите меѓу 40 и 60 проценти.
Најслабо рангирани се Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи, со исполнување на само 37 проценти од утврдените критериуми, додека најдобро рангирани се Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор и Секретаријатот за европски прашања, кои исполнуваат 71 процент од критериумите.
Интерес е податокот дека највисоко рангираните институции трошат најмал дел од парите за јавни набавки, а институциите со најниска процентуална исполнетот на критериумите, трошат дури 39 проценти од вкупните средства за јавните набавки. Така, Министерството за образование и наука како најниско рангираната институција, има најголем обем на набавки.
Податоците укажуваат дека расте бројот на тендери со поразумни рокови за прибирање понуди од законски минималните, но се уште продолжува проблемот со високиот удел на тендери на кои има само една понуда што ги доведува во прашање конкуретноста, еднаквиот третман и недискриминацијата на фирмите. Според анализата, кај една третина од набавките имало само една понуда.
Повеќе од половина од институциите ја користеле постапката со преговарање без објавување оглас и ваквите договори учествуваат со седум проценти во вкупната вредност на договорите на институциите.
Исто така, секој четврти тендер бил поништен, а процентот на целосно или делумно поништени тендери кај одделни институции се движи од 0 до 77 проценти. Секретаријатот за законодавство нема поништени тендери, а најмногу, дури 77 проценти, се поништени во Министерството за здравство.
Дури 19 проценти од поништените тендери се поради тоа што институциите оцениле дека ниту една од пристигнатите понуди не е прифатлива, што, како што се наведува во анализата, се смета за една од најсубјективните причини за поништување на тендерите.
Во однос на жалбите има подобрување, односно намален е уделот во споредба со претходната година.
Анализата покажува дека само две институции ги објавуваат на своите веб-страници огласите за јавни набавки, известувањата за склучените договори, како и самите договори и нивните анекси, додека ниту една не објавила известување за реализиран договор за јавни набавки.
Првпат истражувањето беше спроведено минатата година за набавките на институциите во 2016 година. Ова е второ рангирање и е направено за начинот на спроведување на јавните набавки во институциите во 2017 година, како последна целосно завршена година. Исто вакво истражување ќе се направи и до година за набавките во 2018 година.
Ново на Сител
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството