Државниот архив на РМ ќе одбележи 65 години постоење

Државниот архив на Република Македонија вечер ќе одбележи 65 години од формирањето со свечена академија под покровителство на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
На академијата во Македонскиот народен театар, на која е најавено присуство на претставници од Владата, дипломатскиот кор, од меѓународните архиви, ќе биде претставен развојот и дејствувањето на една од најзначајните македонски државни и национални институции.
По повод годишнината ќе биде промовирана монографија „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“, ќе биде поставена изложба и ќе бидат претставени најновите активности на Архивот.
Во рамки на настанот, денеска претпладне во „Порта Македонија“ ќе се одржи Основачко собрание на Професионалното архивско здружение на Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина
-

Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
-

Преглед на вестите од светот
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
