Државната изборна комисија одлучува за приговорите
Немало премногу неважечки ливчиња во Чаир, ниту пак групно гласање во Струга. Проблеми при гласањето и сумирањето на резултатите од вториот круг на локалните избори немало ни во Тетово. Државната изборна комисија одлучува по 103 приговори поднесени од БЕСА, Алијансата на Албанците и НДМ.
Членовите на ДИК по долга и жестока расправа, догрлања и неколку паузи едногласно одлучија да одбијат 83 приговори на БЕСА за толку гласачки места во Чаир за кои оваа партија тврдеше има премногу неважечки ливчиња кои намерно биле направени такви при сумирањето на резултатите со цел да се влијае на исходот на резултатите. Од БЕСА тврдат дека нивните претставници во избрачките одбори не можеле да дадат забелешка на записник бидејќи им бил извршен притисок да потврдат дека броењето на гласовите било законски.
-Потребно е да се потенцира дека разликата межу кандидатите е мала, односно 209 гласа, додека неавжечки се повеќе од 900 ливчиња што дава сомневање дека намерно се оштетени при пребројувањето, изјави Бујар Сулејмани, овластен претставник на БЕСА.
Ваквиот аргумент, со барање за увид во гласачките кутии, го прфати и претставничката на БЕСА Ермира Салиу. Но нејзиното барање беше одбиено од останатите членови на ДИК бидејќи за такво нешто немало докази во приговорот.
- Забелешки за неважешките ливчиња имало и во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, изјави Ермира Салиу, член на ДИК од БЕСА.
-Во приговорот нема приложено докази, и најбитно нема забелешки доставени во записник при самотот пребројување што е законски услов да се поднесе приговор, па затоа треба да одбијат приговорите, изјави Супхи Јакупи, член на ДИК од ДУИ.
Од ДИК отфрлија и проговор на Алијаната на Албанците за Струга во кој се тврдеше дека имало групно гласање, но и дека во избрачките кутии имало вишок на гласачки ливчиња. Како доказ за ваквите наводи претставникот на партијата на Зијадин Села понуди изјава од граѓанин заверена на нотар, а поднесена до Општинската изборна комисија во Струга по гласањето како сведок на групно гласање.
Членовите на ДИК пак, се посоменаваа во ваквата изјава бидејќи истата изјава дадена во исто време ја има во сите 13 приговори на оваа партија и тоа од истиот човек. Тие забележаа дека истиот човек практично бил на 13 места во исто време што физички е невозможно.
ДИК има рок да ги разгледа сите приговори до два часот по полноќ. Партиите пак, кои не се задоволни од одлуката имаат 24 часа од кога ќе го добијате решението на ДИК да поднесат тужба до Управниот суд.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
