-->
-->
Државната фитосанитарна лабораторија отворена и денеска
-->
Поради зголемениот извоз на коскесто овошје во ЕУ и во Руската Федерација, Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) ќе работи и денеска, но само за анализи за испитување на габата „Monilinia fructicola“ кај коскесто овошје.
Мострите може да се доставуваат од 08:30 часот до 13 часот.
ДФЛ работи согласно акредитираните методи, односно протоколите на Европската медитеранска организација за заштита на растенијата, при што добиените резултати се веродостојни и прифатливи за извоз. Резултатите од лабораториските анализи ја пратат пратката од коскесто овошје при извоз на рускиот пазар и се важни особено во овој период кога е зголемен извозот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот