Бизнис
20. April 2018 - 19:46

Државна поддршка за иновативните проекти

Робот кој извршува задачи во областа на хидродинамиката е иновацијата на ученици од Кочани кои ќе ја претстават  Македонија на светски натпревар во Детроит.

Премиерот Заев денеска се сретна со нив и ја изрази својата поддршка. Државата ќе ги финансира само во делот на авионските билети до САД. Ќе ги плати Фондот за иновации.

Заев ги повика младите со иновативен дух да креираат дома. Рече дека Владата ќе ја интензивира поддршката за иновациите.

Младиот Горјан Илиевски е дел од тимот составен од 9 основци и среднишколци. Се надева дека роботот ќе им донесе успех не само на овој натпевар туку и на сите други во иднина.

Директорот на Фондот за иновации информираше дека следниот месец ќе почне првиот циклус на доделување посебни грантови за младите иноватори.

Наскоро ќе излезе и првиот повик за мерките од третиот столб на владиниот план. Целосниот износ кој го имаат на располагање компаниите за сите повици е 10 милиони евра.