Државен натпревар по прва помош на општинските организации на Црвен крст во Битола
Дваесет и осум екипи на општинските организации на Црвен крст од Северна Македонија денеска и утре во Битола, учествуваат на државен натпревар по прва помош.
Годинешното натпреварување на волонтерите членови на општинските организации на Црвениот крст се одвива под мотото „Твоето незнаење чини живот“, а победникот ќе обезбеди учество на европски натпревар.
– Ние во Црвениот крст веруваме дека првата помош ја намалува ранливоста и помага во градењето на посилни заедници. Преземањето на итни активности и примена на соодветни техники додека се чека професионална помош може во голема мерка да ги намали смртните случаеви и повредите. Првата помош не е замена за Службите за итни случаи, таа е прв и витален чекор кој обезбедува ефикасно брзо дејствување за да се намалат повреди или подобрат шансите за преживување и затоа е потребно секој од нас да знае да даде прва помош, истакна Ромео Велев, претседател на Црвен крст на Северна Македонија и додаде дека ќе се залагаат барем еден член од секое семејство во државата да биде едуциран за укажување прва помош.
Натпреварот се одвива во две траектории со по 14 екипи, односно 28 екипи кои освен за прва помош ќе бидат тестирани и за познавање од областа на дисиминација, а најдобрата екипа ќе обезбеди учество на европско првенство.
– Овој натпревар не само што ќе ни даде можност да видиме колку се подготвени и вешти волонтерите и членовите на Црвениот крст за давање прва помош, туку и ќе мотивира поголема вклученост во оваа организација на срцата, на љубовта и на подадената рака, посочи градоначалникот на Битола Наташа Петровска и им посака добредојде на натпреварувачите учесници на Државниот натпревар.
Ново на Сител
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

По 13-ти пат во Крушево се одржа уникатна манифестација „Дева“ со која се најавува Христовото раѓање
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Залутан куршум е причина за смртта на двегодишното дете на новогодишната ноќ
-

Бугарското МНР употреби фраза „достапен јазик“ наместо македонски, Скопје и Софија разменија остри пораки
-

Двајца возрасни и пет деца со повреди од петарди завршиле на Клинички - дали се потребни поголеми казни?
-

Град Скопје дебатираше за воздухот

