Бизнис
1. April 2022 - 16:43

Државата преку нов кредит ќе обезбедува пари за енергетската криза

Нема повеќе буџетски пари за спас на ЕСМ. Откако се собраа донации од акционерски друштва и јавните прептијатија во висина од над 3,5 милиони евра, сега министерот  за економија Бектеши,  потврди дека за потребите на компанијата пари се обезбедени од меѓунардните финансиски инситуции. Според пресметките на ЕСМ за справување со кризата до крајот на годината ќе и бидат потребни околу 100 милиони евра.

И покрај тоа што на располагање ќе бидат ставени сите капацитети, и годинава ќе се прави увоз на струја. Сепак, првиот човек на ЕСМ Ковачевски уверува дека тоа ќе бидат само до 2 проценти од потребните количини.

Досега  за стопирање на ценовниот шок, од  државната каса  на  ЕСМ и биле префрлени над 170 милиони евра. Дел од пaрите биле за набавка на струја, дел за гас. Надлежните уверуваа дека до 15 април обезбедени се потребните количини на гас.  Но, овој енергенс од денеска од Русија ќе може да се купува само во рубљи. Бектеши  не очекува  проблеми во снабдувањето. Во однос на плаќањето, посочи дека се чекаат насоките од Европската централна банка затоа што на нашата курсна листа оваа валута ја нема и нема да може да се прават такви трансакции.