Државата потрошила 3,6 милиони евра за набавка на автомобили, владата одлучи дека е време да штеди
Државата потрошила 3,6 милиони евра за 142 нови коли во услови на најтешка криза. Од нив 45 се луксузни возила кои ги набавила Владата. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, 40% од новите автмобили чинат дури над 30.000 евра. Во 83% од тендерите имало само еден понудувач. И сето ова во период од 2020 до 2022 кога Владата најавуваше рационализација на трошоците заради тешката економска и здравствена криза.
Вчера Владата донесе одлука за кратење на непотребните расходи. Бројот на советници во премиерскиот кабинет се крати од 50 на 12. Нови коли и мебел ќе се купуваат само со посебно одобрение. Парите за стоки и услуги треба да се намалат за 10%, за репрезентација за 50%. Контрола на секој потрошен денар ќе води МФ, а ќе има и казни за тие што непотребно ќе трошат.
Филков очекува дека мерката на Владата ќе даде ефект, но потсетува дека и сега законот наложува да се образложи зошто нешто се купува, но тоа не се прави при набавките. Апелира за разумно трошење на државните пари.
Според анализата, најмногу нови коли државата купила во периодот од 2018 до 2020, близу 400, за што потрошила над 8 милиони евра.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар