Државата потрошила 11 милиони евра за тендери склучени во четири очи за шест месеци од 2020 година
Институциите потрошиле 11 милиони евра за набавки во четири очи. Оваа сума е потрошена во првата половина од минатата година и е за 15% поголема од истиот период во 2019 година, покажува најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации. Институциите кои на овој начин ги трошат народните пари, набавките ги правдаат со итност.
Главна фалинка на македонскиот систем на јавни набавки е недостигот на конкуренција. ОД вкупно 70.000 фирми, на тендерите учествуваат само 5000. Нема комуникација со бизнис секторот пред објавување на набавките заради што дел пропаѓаат, а за секоја трета има само една или ниедна понуда.
За да се намалат ризиците за измами и корупција во јавните набавки, ЕУ со 35 милиони евра ќе ги поддржи реформите во секторот јавни финансии. Со тоа ќе се врати и довербата на граѓаните дека нивните пари се трошат според нивните интереси.
Иако новиот закон овозможува, институциите и натаму се раководат по стариот закон и ја земаат најниската цена како најважен критериум на штета на квалитетот. Во 92% се користат електоронски аукции што овозможува манипулации, а симптоматично е и тоа што често избраната фирма нуди цена која е многу блиска со проценатата вредност на тендерот.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар