Бизнис
7. July 2015 - 20:37

Државата го собра јачменот нелегално засаден на државно земјиште – Кривична пријава за узурпаторот



Државата го собра јачменот кој се наоѓа на дел од узурпиран државен имот од 40 ха. Ова е вторпат како Инспекторатот става крај на бесправното користење на државното земјиште, од страна на непознат сторител.

Директорот на Инпекторатот Стаменов истакна дека  со најновите законски измени државата има право да го преземе родот и од непознат и од познат сторител, а против  узурпаторот кој ќе биде откриен се поднесува кривична и прекршочна пријава.

Со најновите законски измени собраниот род се продава, а средствата одат во буџетот на земјава. Државата инаку дава можност земјиштето да се земе под концесија по многу ниски цени.

Изминатиов период на барање на земјоделците кои не можеа да ги откупат државните ниви со долгогодишни насади, беше кажано дека Владата ќе распише уште еден оглас за да можат да ги откупат.

Лани државата го собра житото од 22 ха узурпирано земјиште.