Друштвото на писателите прими нови членови

Калина Малеска, Адем Абдулаху, Јулијана Величковска, Јовица Илиќ и Ерол Туфан се нови членови на Друштвото на писателите на Македонија. Оваа одлука ја донесе Претседателството на ДПМ на предлог на комисијата за прием на нови членови во состав: Кочо Топузоски (претседател), Ресул Шабани и Борче Панов.
Со ова Друштвото на писателите на Македонија продолжува да го подмладува својот состав. Последните неколку години членови на ДПМ станаа повеќе автори, припадници на помладите генерации, меѓу кои Жарко Кујунџиски, Дејан Трајкоски, Елена Пренџова, Атанас Чупоски, Филип Клетников, Делвина Керлуку, Марина Мијаковска, Рифат Емин, Марта Марковска, Иван Антоновски, Игор Крајчев, Никола Илијовски, Милица Пашоска, Стефан Марковски, Александра Велинова и Давор Стојановски.
Друштвото на писателите на Македонија е асоцијација на уметници со најдолга и најбогата традиција во државата. ДПМ е формирано во 1947 година и досега во него членувале 520 писатели од сите генерации чии творечки опуси се реализираат во областа на поезијата, романот, расказот, драмата, критиката, есеистиката, книжевната наука и литературата за деца. Од 2003 година ДПМ е член на Европската писателска асоцијација.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
