Фудбал
31. August 2015 - 17:17

Друловиќ закажа тренинг за 18.30

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги стартува подготовките за претстојните квалификациски дуели со Луксембург (05.08) и Шпанија (08.08) со прозивката што ја направи селекторот Љубинко Друловиќ. 

Според првите информации сите повикани фудбалери ќе бидат на првиот тренинг во 18.30ч на терените на ФФМ. 
Селекторот пред првата прозивка ја истакна важноста  на првата средба во Луксембург:
„Во Луксембург треба да одиграме на резултат и да покажеме дека ние сме подобрата репрезентација. Потоа ни доаѓа Шпанија и сите знаеме за каква селекција станува збор. Се надевам дека нема да имаме проблем со повреди и ќе ги имам сите фудбалери на располагање" - изјави селекторот Друловиќ.