Фудбал
7. September 2015 - 13:10

Друловиќ: Целта ни е позитивен резултат

Македонската фудбалска репрезентација во вторник во 21ч го игра квалификацискиот дуел за ЕП со репрезентацијата на Шпанија. 

По тој повод денеска одржана прес-конференција на кој селекторот Љубинко Друловиќ ги соопшти очекувањата од дуелот со големиот фаворит:
„Утре е голем настан за Македонија, за македонскиот фудбал. Ни доаѓа една од најдобрите селекции на светот, екс-светски првак, актуелен европски првак. Се надевам дека ќе биде полн стадионот и се надевам дека ќе дадеме максимум. Шпанија е фаворит, има фантастична селекција, пресликана игра на Барселона. Верувам дека можеме да се вратиме на најдобар можен начин. Се надевам дека ќе бидеме прав противник, да дадеме максимум, и ако можеме да пробаме да направиме добар резултат. Мораме да дадеме повеќе од сто отсто, за да се обидеме да направиме изненадување. Секој позививен резултат за мене е бод или победа“- изрази надеж Друловиќ