Дрога, пари и украдени предмети пронајдени во домовите на три лица од Дојран
На 25.11.2021 во 06.10 и 08.10 часот во Стар и Нов Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија - Полициско одделение Нов Дојран ги лишиле од слобода Д.Р.(43) и Е.И.(27), двајцата од Стар Дојран и Т.А.(56) од Нов Дојран.
При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени дрога и други предмети кои потекнуваат од кривични дела.
При претрес во домот на Д.Р. биле пронајдени и одземени марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пари и други предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на подрачјето на општина Дојран. Во домот на Е.И. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и предмети кои потекнуваат од сторени кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени на истото подрачје, додека при претресот во домот на Т.А. биле пронајдени марихуана и стебла од растението канабис.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЦУ: Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
-
ОЈО со детали: Над 9 милиони денари штета од пожарот во Адвокатската комора
-
Најстудено на Попова Шапка
-
ФИФПро ги објави номинираните за идеален тим, доминација на Премиер лигата
-
Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари
-
Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО