Драстично зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во Вевчани
Бројот на заразени со КОВИД-19 во Вевчани драстично се зголемил последната недела. Директорот на здравсвениот дом „Д-р Светозар Чочороски“, Јован Стојкоски информира дека се регистрирани 75 новозаразени од кои 15-тина се лекуваат во дневната болница.
Населението во Вевчани, според него, е скоро 80 проценти вакцинирано против коронавирусот, што дава релативно лесна клиничка слика кај инфицираните.
– Само за Вевчани, каде имаме вакцинираност од преку 80 проценти, бројката на новозаразени е исклучително голема. Иако е сериозна бројката на новозаболени, клиничката слика кај пациентите е релативно лесна, во однос на претходните бранови од пандемијата, вели Стојкоски.
Тој посочи дека во Вевчани имало голем интерес и за трета доза вакцина против Ковид – 19.
– Во Вевчани досега се аплицирани околу 360 бустер дози, а вакцинираноста со две дози е околу 80 проценти, додека на ниво на Здравствен дом, кој ги покрива Велешта Лабуништа, Октиси… процентот на вакцинација е над 50 проценти. Заинтересираноста за трета доза е помала во околните места во однос на Вевчани, каде е седиштето на Здравствениот дом, додаде Стојкоски.
Во амбулантите во Лабуништа и Велешта кои се под Здравствен дом Вевчани, според директорот, состојбата е стабилна. Во овие население места, нагласи, нема голем број новозаболени.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата