Македонија
29. February 2016 - 17:21

Драмскиот театар Скопје ќе добие нов објект

Драмскиот театар-Скопје, кој годинава на 21 април  прославува седум децении постоење, ќе добие нов објект на местото на постојниот.  

Новиот репрезантативен објект  ќе има две сали – една поголема, со 397 седишта, и  помала сала до сто седишта. Современи гримиорни,сцена за мизансценски проби, простории за читачки проби,мултимедијални простории, фундуси.

Предвидени се шест премиери финансирани во рамките на Годишната програма на Министерството.

Уметничкиот  директор Рубенс Муратовски информираше дека јубилејот ќе го одбележат и со други активности – изложби на костими и фотографии ,спортски настани. Ќе има претстави на отворено, на невообичаени места, како врвот на Водно, на плоштадите и на други локации.

 Од 12-ти до 16 април   театрите од Скопје ќе гостуваат на сцената на Драмски театар , а по 21 април  секој вторник ќе гостуваат сите театри од државата.