-->
-->
Драмски театар со „Генетика на кучињата“ настапи во „Гавела“ во Загреб
-->
Во рамки на минитурнејата во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, Драмски театар вчеравечер пред загрепчани ја изведе претставата „Генетика на кучињата” по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски. Турнејата ја почна на 13 октомври со настапот во Сараево.
- Македонските актери повторно докажаа дека се вистински амбасадори на македонската култура. Пред исполнетата сала на Градскиот театар „Гавела“ во Загреб, вторпат во два дена ја потврдија вредноста на македонската театарска сцена. Долгиот аплауз на хрватската публика е само потврда за одличната изведба, која не ја остави рамнодушна публиката што дојде да ја проследи претставата, информира Драмски театар.
Во претcтавата учествуваат Драган Спасов-Дац, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Биљана Беличанец, Дејан Лилиќ, Филип Трајковиќ, Крсте Јовановски, Драгана Левенска, Зоран Љутков, Гордана Ендровска...
По настапите во Сараево и во Загреб, актерската екипа заминува во Белград, каде што утре ќе се претстави пред српската публика во Београдско драмско позориште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба