-->
-->
Драматична исповед на Македонец кој беше во автобусот: Кога се разбудив, слушнав вриштење и околу себе видов крвави глави
-->
Сведоштво на Македонец за несреќата која се случи во близина на Лесоквац.
"Кога се разбудив, слушнав врескање, видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав дека некој е мртов", рече еден млад човек од Битола, еден од патниците од македонскиот автобус на линијата Битола-Виена, кој се преврте во Лесковац. Во оваа страшна сообраќајна несреќа, тројца македонски државјани загинаа, а 32 лица се повредени.
На лице место загинаа маж и жена, а меѓу повредените има дете на возраст од година ипол. Четири патници има со потешки повреди и тие се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Ниш, за среќа се надвор од животна опасност.
- Не знам кој ги повикаа Брзата помош и полицијата, но за брзо време пристигнаа неколку амбулантни возила, а лекарите влегоа во автобусот. Тие веднаш ни дадоа помош. Тогаш пристигнаа пожарникари, мислам дека дојдоа од Лесковац, и сите заедно не извлекоа од автобусот - рече еден млад човек од Битола кој ја повреди раката во несреќата.
ФОТО: Курир.рс
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток