Свет
14. July 2016 - 19:42

Драматичен пресврт –Трамп ја победи Хилари во неколку клучни држави

Клинтон го изгуби водството во Флорида и Пенсилванија, во Охајо силите се израмнети, покажува најновото истражување на социолошката агенција “Куиннипиак”,  спроведено меѓу 30 јуни и 1 јули, а објавено синоќа.

 Трамп е понапред од  Хилари  во две клучни држави – ​​Флорида и Пенсилванија. Клинтон го  изгуби водството (пред само 10 дена) со 8 процентни поени во Флорида, каде што сега Трамп води со 42% наспроти 39%, и во Пенсилванија, каде Трамп води со 43% наспроти 41% за Клинтон. Во другата  клучна  држава – Охајо, позициите се израмнети – по 41%.  Токму во овие држави се решава судбината на сите претседателски избори.

Ужас во Романија – oковани во синџири како робови, со години биле принудувани на работа

Романската полиција откри 65-мина  луѓе, меѓу кои и десетици деца, кои со години биле држени во заробеништво . Во планинскиот град Беревоести, пронајдените луѓе, биле  оковани во синџири, прегладнети и дехидирирани и со  рани на телото.

Уапсени се 30-мина осомничени, на кои  им се заканува казна затвор до 30 години. Тие ги принудувале заробениците да просат и  крадат, да вршат  екстремно тешки работи.

Најголем дел од жртвите имале пречки во развојот или биле бездомници, а  некои од нив во заробеништво биле цели осум години. 

Убиен лидерот на Исламска Д ржава  Омар Ал Шишани

Убиен  лидерот на ИД Омар Ал Шишани во Ирак, објави вчера агенцијата Амак, која е поврзана со џ ихадистите.  Пентагон во март соопшти дека се верува оти Шишани ,познат како Омар Чечен починал од повреди  здобиени во еден воздушен напад врз неговиот конвој во североисточна Сирија, што не е во согласност со верзијата која вчера ја објави Амак .Воениот извор на Амак изјави дека Шишани е убиен во градот Шарклат ,додека учествувал во борбите бранејќи го Мосул, последен град во Ирак,кој е под контрола на ИД.