-->
-->
Драма во златара во Струга - вработениот во шок
-->
Вистинска драма се случувала во позната златара во Струга, непознато лице се заканувало дека има бомба. Како што информираат од МВР, вчера околу 17.15 часот во златара на улица ,Маршал Тито“ во Струга, непознато лице извршило разбојништво над вработениот.
Сторителот од вработениот побарал прстен кој претходно го нарачал. Откако вработениот, по извршен разговор со сопственикот, му рекол дека треба прво да го донесе неговиот прстен, непознатото лице ставило една кеса на масата и му се заканило дека во кесата има бомба. После тоа сторителот одзел еден златен прстен со вредност од околу 11.000 денари и побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
