Драма во станбениот комплекс Св. Јован
Вчера во 20,40 часот во Полициска станица Карпош, В.В.(34) од с.Стење, ресенско, пријавил дека истиот ден околу 11,00 часот во Скопје, на ул.„Скупи 6“, поточно во станбениот комплекс „Св.Јован“, додека бил на своето работно место, дошле две лица, влегле во неговата канцеларија, ја заклучиле вратата и извадиле некакви документи и му рекле да ги потпише.
Документите се однесувале за престанок на работен однос и спогодба со фирма каде В.В. бил управител за да си замине од истата.
Откако В.В. одбил да потпише, едното лице го фатило за врат и почнало да го дави, додека другото лице го удирало со тупаници во пределот на телото. Во еден момент едниот од сторителите од џебот извадил пиштол и му се заканил, при што В.В. од страв ги потпишал документите со потпис различен од потписот со кој вообичаено се потпишувал.
Двајцата сторители во канцеларијата без негова согласност го држеле околу 30 минути заклучен, потоа му ги земале клучевите од канцеларијата и го избркале од комплексот, по што В.В. се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.
Ново на Сител
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“
-
Го фатила за врат снимателот и му ја оштетила камерата, на новинарот му го одзеле и фрлиле телефонот, обвинение за нападот во Визбегово