-->
-->
Драма во Скопје: Се скарале за паркинг, па му го скршил черепот со шипка
-->
Му го скршил черепот со шипка зошто му пререкол за паркирање кај „Мавровка“
На 03.10.2015 година во 15:00 часот во Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ бб, пред влезот на подземната паркинг гаража во ТЦ „Мавровка“, лицето Е.Р.(27) од с.Студеничани-Скопје, со „Голф“ со скопски регистерски ознаки, го паркирал возилото на тротоарот.
Тогаш, настанала меѓусебна расправија и тепачка помеѓу С.Ш.(36) од Скопје (вработен во фирмата „Франк“ која стопанисува со подземната гаража) и Е.Р., при што дошло до кршење на задното ветробранско стакло од возилото.
Потоа Е.Р. со метален предмет (шипка) го удрил С.Ш. во пределот на главата, кој паднал на асфалтната површина, а Е.Р. го напуштил лице местото оддалечувајќи се во непознат правец и оставајќи го возилото.
Со возило на Итна медицинска помош, С.Ш. е пренесен во ГОБ „Св Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на черепот со крварење од увото).
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартува амандманската расправа за буџетот - Поднесени над 300 амандмани од опозициски партии
-
Ќе растат платите на здравствените работници - Премиерот и синдикатот потпишаа договор
-
Продолжуваат преговорите со банките за кредитите за стопанството
-
Николовски: Изградбата на Коридорот 10 е приоритет и покрај обидите на Бугарија да ја заобиколи Македонија
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите