Македонија
18. May 2022 - 16:48

Драма во Скопје: Им влегол дома, им се заканувал и им барал пари

На 18.05.2022 во 02.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода М.И.(39) од Скопје затоа што со метален предмет оштетил влезна врата од куќа сопственост на Д.Ф., при што барал пари и се заканил на Х.Д.(65), Ш.Н., Б.Р. и нејзината внука, сите од Скопје, кои живееле во куќата, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.