Македонија
4. August 2015 - 20:51

Драма во Шипковица: Мајката на загинатото девојче префрлена во болница

Пред камерите на Сител попладнево во Шипковица, се одвиваше вистинска драма кога мајката на загинатото девојче на раце беше префрлена во најблиското возило за да и прижат медицинска помош во тетовската болница.

Како што изјавија жителите, денеска беше погребано 14-годишното девојче кое вчера загина во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шипковица.

На мајката, потресена од ненадејанта загуба на детето, попладнево и се слошило и таа во тешка состојба е префрлена во тетовската болница.