Балкан
2. February 2017 - 12:08

Драма во Шид: Во експлозија на цистерна повредени 4 мигранти

Мигранти утрово во Шид се обиделе да влезат во една од цистерните на седмиот колосек на железничката станица, но дошле во контакт со жица, која била под висок напон, и цистерната експлодирала.

По експлозијата, интервенирале противпожарните единици од Шид и Сремска Митровица, а четири лица се повредени.

Двајца мигранти се згрижени во болница во Белград, а двајца во општата болница во Сремска Митровица.

Погледнете го видеото: