Драма во радовишко: Земал 1.600 евра за да ја ожени прислино својата малолетна братучетка - за среќа девојчето избегало
По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведена е истражна постапка против две лица, македонски државјани, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – трговија со дете.
-Во текот на месец април годинава, во село Бучим, радовишко, првоосомничениот, кој е малолетник, со употреба на сила, измама и присилба, искористувајќи ја немоќта на жртвата, ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на присилен брак. Тој, заедно со второсомничениот кој знаел за возраста на девојчето, претходно се договориле за сума од 1.600 евра да му ја донесе својата роднина.
На 17-ти минатиот месец, првоосомничениот го земал девојчето и го однел на договореното место каде второосомничениот ја исплатил побараната сума и го повел со себе девојчето кое пружало отпор при што врз него употребил физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба, соопшти Јавното обвинителство.
Девојчето искористило момент и избегало, по што се јавило на домашните со кои подоцна го пријавила настанот во Полициската станица Радовиш.
Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 доставил Предлог за определување на мерка притвор за двете осомничени лица.
Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на Обвинителството и со решение за едниот осомничен изрече мерка притвор во траење од 30 дена, додека за малолетникот се изречени мерки на претпазливост од страна на судијата за малолетници.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра