Драма во Кавадарци: Пожарникари спасиле возрасна жена која била без свест во својот дом на четвртиот кат

Вистинска драма се случувала вечерва во Кавадарци, при која пожарникари спасиле жена на возраст од околу 80 години, потврдија за МИА од кавадаречката Противпожарна единица.
– Дојде зетот кој побара помош оти никако не можел да ја слушне на телефон бабата која живее на четврти кат, а не ја отворала влезната врата на станот во кој живеела. Бидејќи станот има блиндирана врата, а моравме да реагираме брзо, затоа што постоеше стравување да не и се случило нешто лошо, зедовме голема скала со корпа и еден од пожарникарите се качи на балконот на старицата. Го скрши стаклото од балконската врата и ја отвори. Влезе и ја најде жената во бањата во бессознание. Веднаш повикавме брза помош и полиција, а во меѓувреме и пружавме помош, изјавија од Противпожарната единица.
Од Брзата помош во Кавадарци за МИА рекоа дека паднатиот шеќер бил проблемот, а сега жената била во добра состојба.
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
