Свет
22. July 2019 - 18:46

Драма во Индија: Гори зграда од 9 катови во Мумбај, речиси 100 луѓе заробени

Се стравува дека десетина луѓе се заробени во деветкатна зграда во која денеска изби пожар во финансискиот центар на Индија, Мумбаи, изјави противпожарниот шеф Рохам Море.

Шестнаесет противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот и засега се евакуирани 25 лица со помош на хидраулични платформи во градската област Бандра, рече Море, а пренесе АП:

Се стравува дека уште 25-30 луѓе се заробени во зградата, во која се наоѓаат канцеларии на државната телекомуникациска компанија, а во која пожарот е ограничен на третиот и четвртиот кат, додаде тој.

На телевизиските снимки се гледаат луѓе како кршат прозорски стакла и им мавтаат на пожарникарите да ги евакуираат.

Жената која ја спасија пожарникарите изјави за Телевизијата Њу Делхи дека уште 30 или 40 лица чекаат евакуација.

Засега нема извештаи колкумина настрадале.