Драма во Гевгелија: Се истепаа мигранти за возот до Табановце, извадиле и ножеви

Мигранти од Блискиот исток денеска се судрија на железничката станица во Гевгелија при влегувањето во возот на линија Гевгелија - Табановце, кој оди од Македонија до српска граница, објави Танјуг.
По каснењето на возот кој требало да тргне уште во 10 часот река мигранит, над илјада од нив се бореле за место во возот и притов полесно се повредени неколку луѓе. Мигрантите на репортерите на Танјуг им изјавија дека морале да влезат во возот зошто само така можат да го продолжат патот кон земјите од западна Европа.
Со викање, туркање, удирње и закани со мотики и ножеви, најбрзите и најсилните успеале да влезат, а најлошо поминале оние со малите деца. Возот се уште не трганл, зошто се чека железничарите со граничната полиција да симнат дел од нив поради безбедност на возот.
Во метежот е скршен и еден прозорец од возот. Возењето од Гевгелија на грчко- македонската граница до Табановце чини 10 евра по лице.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин

