Македонија
20. јуни 2016 - 12:01

Драма во Битола: Осуденик за педофилија се самозапали и удри со автомобил во судот

Осуденик од Битола кој требало да почне со издржување казна затвор рано изутрината се полеал со бензин се замозапалил, и со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд - Битола. 

Инцидентот се случил утрото во три часот, а плинската боца не експлодирала. 

Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.

Шеесет и седумгодишниот битолчанец требало да издржува  казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години, соопшти Јавното обвинителство на РМ.