Свет
6. November 2019 - 20:52

Драма во Амстердам: Жандармеријата го блокираше аеродромот, можна грабнување на авион

Холандската Жандармерија се упати кон аеродромот Шипхол поради „сомнителна ситуација“ во Амстердам.

Извештаите од аеродромот упатуваат на, како што пренесоа локалните медиуми, ситуација која може да има последици по широката популација.

Инцидентот е пријавен околу 19.30 часот по локално време, а како што се наведува, издадено е „предупредување грип 3“ што наведувува дека станува збор за сериозен инцидент.

Меѓу патниците на аеродромот може да се чуе дека станува збор за обид за грабнување на авион на летот за Мадрид.

Според непотврдени информации станува збор за заложничка драма.

Припадниците на Жандармеријата го опколиле авионот.