-->
-->
Драма со трагичен крај - Убиство во Гостивар
-->
Драма која завршила со трагичен крај се одвивала синоќа во Гостивар. Дваесет и четири годишен гостиварчанец починал откако бил застрелан со еден куршум во стомакот по расправија со едно лице околу наводен сообраќаен прекршок.
За случајот повеќе детали се очекуваат во текот на денот, откако јавен обвинител ќе ги заокружи истаражните активности кои започнале синоќа со увидот.
Според очевидци, трагичниот настан се случил на улицата „Седек Костовски“ во близина на порашениот Жито Шар околу 22 часот. Наводно, 24 годишникот возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле испукани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.
По ранувањето, бил пренесен во гостиварската болница, а оттука на скопските клиники, каде им подлегнал на повредите.
Од СВР Тетово потврдија дека осомничениот за убиство, синоќа сам се предал во гостиварската полициска станица каде е задржан. Детали околу идентитетот и мотивите кои довеле до трагичниот настан ќе бидат познати во текот на денот и треба да ги соопшти Основното Јавно обвинителство Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за политички договор меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ за бегството на Груби
-
Вања и Панче биле убиени свирепо со ист калибар на оружје
-
Сложени ТАВИ процедури во Систина
-
Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
-
Надлежните во обиколка на маркети – дали се почитува Новогодишната кошница?
-
Оштетена македонската амбасада во Киев при руски ракетен напад
-
Едно седумгодишно дете убиено и три повредени во напад со нож во училиште во Загреб
-
Скопје од вечерва без вода - Колку часа ќе трае санацијата на дефектот