Драма: Семејна расправија заврши со убиство
Во село Наномир кај Мионица, во саботата околу 21 часот, Радослав Илиќ (52) со ловечка пушка ја убил својата сопруга Зорица(47), а овој несреќен случај се случил по семејна расправија.
- По пукањето се слушал лелек. Радослав влегол во куќата на соседот и му рекол: - Повикај полиција да дојде, ја убив сопругата“. По тоа мирно излегол од куќата, и ја чекал полицијата, седнал во кола и заминал со нив- изјавиле соседите кои додадоа дека се слушнале два истрели.
Според информациите на белградските медиуми, сцената била страшна.
Зорица лежела на улица пред капијата на соседот. Делувала како да сака да избега, но дека тој тогаш пукал. Несреќната жена на лице место останала мртва. Лекарите кои дошло само констатирале смрт, и веднаш била предадена на обдукција, изјавил соговорник на белградските медиуми.
Според зборовите на соседите, во семејството Илиќ односите биле лоши со години, а се случувало и да не зборуваат. Радослав бил тежок човек, а знаел и да се напие малку повеќе.
- Можно е да бил пијан кога пукал во неа. Често се расправале, но никој не знаел дали ја тепал. Со нив во куќата живееле и возрасните синови и мајката на Радослав.
Како што понатаму се наведува, Радослав неодамна останал без работа.
- Тој никогаш по тоа не се вработил. Зорица работела во пекара во Лазаревац, што ќе прави сирота, се мачеше, таа единствена заработуваше. Илиќ беа во многу лоша финансиска состојба.
На Илиќ му е одредено полициско задржувале, а по тоа ќе биде приведен на сослушување во Високото Јавно обвинителство во Ваљево.
Ново на Сител
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација