-->
-->
Драма над руското небо: Вооружен патник се обиде да киднапира авион - барал летот да се пренасочи за Авганистан
-->
Патничкиот авион на “Aeroflot” кој летал на линијата SU1515 од Сургут до Москва, принудно слетал во Ханти Мансиск, се наведува на сајтот “Flightradar”.Авионот слетал 240 километри подалеку од своето одредиште.
Еден од патниците во авионот кој летал од сибирскиот град Сургут до Москва барал пренасочување на авионот кон Авганистан, изјавил изворот за контрола на воздушниот сообраќај.
Патникот кој пробал да го киднапира авионот е приведен, а изворите наведуваат дека авионот слетал бидејќи екипажот го уверил патникот дека е неопходно леталото да се наполни со гориво. Во него се наоѓале 69 патници и седум членови на екипажот.
Руските медиуми објавија фотографија на која наводно се наоѓа мажот кој пробал да го киднапира авионот, но властите сѐ уште не ги потврдиле овие наводи.
Павел С. кој пробал да ја преземе контролата над авионот, наводно претходно бил осуден за кражба, дрога и хулиганство. Веб-страницата за следење на летови “Flight Radar” пријавила дека дошло до инцидент во текот на летот кога забележале дека авионот ја променил трасата над градот Југурс
Уапсениот се соочува со обвинение за киднапирање на авион, а според руските закони, за ова кривично дело е предвидена казна затвор во времетраење до осум години, или до 12 ако сторителот бил вооружен или се заканувал со насилство.
“Aeroflot” не ги коментирал наводите на медиумите
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
