-->
-->
Драма на Шапка: Ноќеска се пронајдени двајцата скијачи што се изгубиле кај Лисец
-->
Триесет и шестгодишниот тетовец Љ. С, вчера околу 19 часот и 30 минути, во полициското одделение Попова Шапка пријавил дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш. Ф, исто така, од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.
Веднаш e организирана потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Заедно со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места и ноќеска околу 2 часот и 30 минути лицата се пронајдени, а потоа пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило, биле пренесени до нивните домови, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот