Драма на КАРИЛ: Медицинска сестра фатила вработен како зема мито и била нападната

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување деновиве медицинско лице сведочело на момент во кој колега, вработен во Болницата зема мито, јавува Курир.
Митото го земале од роднини на починат пациент на Одделот за интензивна нега, иако од Клиниката официјално не коментираат.
-Станува збор за крајно невообичаена ситуација зошто се се претвори во судир и физичка пресметка помеѓу вработени. Често роднините знаат да замолат за некоја ситна работа, но вработените знаат да негодуваат се со цел да им биде понудена некоја сума. Овој случај резултираше со пресметка со вработената и затоа беше повикана и полицијата, вели извор на порталот Курир.
Вработени во Кампусот клиники Мајка Тереза гневно реагираат дека не може да се премолчуваат вакви работи.
-Доколку премолчуваме вака ќе не тепаат и пациенти, а еве веќе гледаме и случаи на меѓусебни пресметки. Но, исплашени сме за работата, коментира вработен во Кампусот.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
